Форум

Published by

on

28 responses to “Форум”

  1. Дарко Филипчев Avatar

    Добар ден, се одлучив да го испробам ботот AI Chatbook од темата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”

    Ботот има тенденција да преобјаснува и да дава премногу детали наместо да одговара јасно и концизно. Наместо да ги сумира клучните точки, тој развлекува со долги објаснувања кои не секогаш додаваат вредност.
    Одговорите можат да бидат пократки, подиректни и фокусирани на суштината на прашањето, без непотребни примери и повторувања. На овој начин, корисникот би добил побрз и поефикасен одговор без да губи време на читање долг текст.
    Иако неговите одговори се информативни, тој може значително да ги подобри со кратки, јасни и фокусирани реченици кои директно одговараат на поставеното прашање. Ова би го направило полесен за користење и би заштедило време на корисниците.

    1. Акција Здруженска/Институт за родови студии Avatar

      Почитуван колега. Тоа што го бараш се постигнува со тоа што на ботот ќе му кажеш да дава кратки јасни одговори и сумарно да ги претстави одговорите на твоите прашања.

  2. Марија Јанковска Avatar
    Марија Јанковска

    Ботовите дефинитивно ги надминаа моите очекувања. Првиот бот што го тестирав беше Chatbot Cyber. На почетокот бев скептична и му поставував општи прашања за сајбер насилството. Додека разговарав со ботот, забележав дека разговорот тече природно, а не само прашање-одговор. Особено ме импресионираше тоа што ботот умееше да се повикува на своите претходни одговори, градејќи континуитет во комуникацијата.

    Дополнително, ме воодушеви фактот што ботот можеше да се повикува на конкретни членови од законот. Кога го прашав кои закони би се однесувале на креирање лажни профили за кибер насилство, добив детално објаснување со релевантни законски одредби.

    Вториот бот што го тестирав беше IRS Етички Аналитичар AI. Повторно морам да ја пофалам континуираноста во разговорот. Дискутиравме на повеќе теми, а кога побарав конкретни примери за дискриминација и говор на омраза, ботот не само што ми даде релевантни примери, туку и јасни, едукативни совети за тоа како да се справам со таквите ситуации.

    Дополнително, му поставив прашања за начините на справување со последиците што може да произлезат од говорот на омраза, особено во однос на намалената самодоверба. Одговорите што ги добив беа детални и практични, со совети што можат навистина да се применат во секојдневниот живот.

  3. Мартин Симоноски Avatar
    Мартин Симоноски

    За време на моето тестирање на “IRS Етичкиот Аналитичар AI”, бев пријатно изненаден од неговата уникатна комуникација и способноста за длабока анализа на навредлив говор. Испробав различни параграфи—некои намерно напишани со скриени навредливи пораки, а други целосно оригинални. Во секој случај, вештачката интелигенција успешно ги откри и детално ги објасни проблематичните елементи.

    Најмногу ме воодушеви неговата способност за цензура и филтрација на текстот, притоа зачувувајќи ја неговата смисла и осигурувајќи дека содржината останува пристојна. Дополнително, системот нуди корисни совети за подобрување на говорот, помагајќи му на корисникот да стане посвесен за начинот на кој комуницира.

    Според моето искуство, овој систем има огромен потенцијал за примена во онлајн медиумите и образовните платформи. Тој не само што детектира и филтрира навредливи содржини, туку и поттикнува етичка комуникација, правејќи го вредна алатка за создавање поздрави дигитални средини.

  4. Дамјан Серафимовски Avatar

    После тестирање на Етичкиот Аналитичар сватив дека прави разлика помеѓу
    навредлив говор и говор на омраза, нагласувајќи интонацијата и намерата на одреден израз. Исто така, покажува свесност за манипулативните наслови, потенцирајќи техники како сензационализам, изоставување на контекст и кликбејт стратегии.

    Сепак во анализата открив неколку области за подобрување:

    Подлабока анализа на пристрасност ботот покажува објективност, но останува прашањето дали може да идентификува форми на пристрасност во медиумското известување.

    Недостаток на конкретни примери иако ботот дава теоретски добри одговори, тој не нуди детална анализа на реални случаи или конкретни примери од медиумите.

    Според тестирањето на тичкиот Аналитичар AI е корисна алатка за откривање на штетни информации, но за да биде поефикасен во борбата против дезинформации поврзани со родовата еднаквост, потребно е да се вклучи попрактична анализа, реални примери и подобро препознавање на родово пристрасни наративи. Со понатамошни подобрувања, овој систем може да стане значаен сојузник во промовирањето на праведно и етичко медиумско опкружување.

  5. Митко Avatar
    Митко

    Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост – интересна и иновативна платформа што комбинира вештачка интелигенција со медиумска писменост за да се бори против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост. Проектот има силна едукативна основа и се обидува да ангажира млади луѓе преку различни интерактивни алатки. Еве како изгледаат клучните аспекти на страницата:
    Интерфејс и визуелен дизајн
    Платформата има модерен и футуристички изглед со „cyber“ стил, што добро се вклопува со AI темата. Сепак, можеби изгледа малку стерилно – ако целта е да ангажира млади корисници, би можело да има повеќе динамични визуелни елементи или попривлечен UX дизајн.
    AI Playground – потенцијално најинтересниот дел
    Овој дел дава можност за експериментирање со AI, што е одлично за оние кои сакаат подлабоко да навлезат во темата. Но, ако AI е премногу ограничен во своите одговори, корисниците можеби нема да го најдат доволно забавен или информативен.
    Дезинформации во областа на родовата еднаквост е солиден обид за користење на вештачка интелигенција за општествена промена. Идејата за AI агенти е интересна, но за да привлече поголема публика, платформата треба да биде уште подинамична – повеќе интерактивни елементи, повеќе практични примери и начин да се вклучи заедницата во активни дискусии.

  6. Никола Avatar
    Никола

    Проектот е навистина впечатлив и ја користи моќта на вештачката интелигенција за да ја отвори дискусијата за важноста на родовата еднаквост. Со овие алатки, корисниците добиваат можност да се образуваат на интерактивен и пристапен начин, без страв од осуда или предрасуди. Чатботовите не само што пренесуваат информации, туку поттикнуваат и размислување, помагајќи им на луѓето да го разберат ова чувствително прашање. Проектот има потенцијал да го смени менталитетот на општеството, правејќи го поприфатливо и разбранливо за сите.

  7. Алексовски Андреј Avatar
    Алексовски Андреј

    GenderAI претставува револуционерен пример за тоа како вештачката интелигенција може да придонесе за позитивни општествени промени. Платформата е дизајнирана да обезбеди динамични виртуелни асистенти кои ги комбинираат прецизните објаснувања со директни и релевантни одговори, со цел да се задоволат уникатните потреби на различни корисници.

    Она што ја издвојува GenderAI е нејзината способност да предизвика смислени дискусии и да стимулира аналитичко размислување, особено кога станува збор за сложени и чувствителни теми како што е родовата еднаквост. Со фокус на елиминирање на дезинформациите и разоткривање на стереотипите, платформата не само што информира, туку создава простор за инклузивен дијалог и поддршка на напредокот кон поправедно општество.

  8. Исидора Антиќ Avatar
    Исидора Антиќ

    Супер уникатен проект, GenderAI, кој комбинира најнови технологии со длабока општествена свест. Интерактивните ботови што ги нуди оваа платформа претставуваат одлична можност за едукација и подигнување на свеста во областа на родовата еднаквост, феминизмот и инклузијата. Како личност која ја цени иновативноста, најмногу ме фасцинираше можноста за испраќање документи и детална анализа на нивната содржина, што значително придонесува за подобрување на мојот стил и јасноста на изразувањето. Aлатки не само што се едноставни за користење, туку нудат и извонредна аналитичка способност. Преку објективни, јасни и релевантни одговори, тие успешно ги разобличуваат предрасудите и поттикнуваат критичко размислување, a истовремено помага во борбата против дезинформациите.

  9. Дона Штерјова Avatar
    Дона Штерјова

    Овој проект нуди алатки и можност на разговор со специјализиран четбот во областа на Родова еднаквост и феминизмот и LGBTQI+ вклучувањето. Секоја чест за иницијативата за користење на најнова технологија и довербата во истата. Мислам дека повеќе луѓе треба да ги користат овие алатки за едукација во оваа област.
    Лично мене најмногу впечаток ми остави можноста да испратам документ и да продискутирам со агентот за стилот и содржината на истиот.
    Силно верувам дека ќе ги намалиме предрасудите и недоволната едуцираност токму со овој проект GenderAI.

  10. Владимир Гоговски Avatar
    Владимир Гоговски

    Овој проект нуди интересен пристап за анализирање на родови и јазични изрази. Страницата на genderai е добро структуирана и пружа корисни алатки кои можат да помогнат за подобро разбирање на тоа како јазикот може да влијае на нашите восхити и ставови за родот. Иако резултатите можат да бидат корисни за подобро разбирање на социјалните и културните контексти, важно е да се има на ум дека сите технологии се подложни на интерпретации и можат да имаат различни ефекти во зависност од личните ставови и перспективи. Проектот може да отвори нови дискусии за тоа како зборуваме и размислуваме за родот во современото општество.

  11. Никола Таневски Avatar
    Никола Таневски

    Страницата е визуелно убаво направена, најголем впечаток остава почетната страница. Има интересни и образовни содржини во делот на Блог, AI писменост и AI playground. Форумот, како дел од веб-страницата, е добро место за дискусија и споделување мислења, со што ја прави алатката да има потенцијал за поширока употреба. Употребата на вештачката интелигенција за едукација, подигнување на свеста и борба против дезинформации во области како родовата еднаквост, феминизмот и LGBTQI+ правата, е иновативно решение за модерните проблеми. Интерактивните алатки и AI четботовите нудат релевантни, објективни и лесно достапни информации. Оваа платформа претставува одличен пример за тоа како AI може да помогне во областа на родовата еднаквост.

  12. Јана Петреска Avatar
    Јана Петреска

    GenderAI е одличен пример за тоа како вештачката интелигенција може да се искористи за позитивни промени. Платформата нуди уникатни асистенти кои комбинираат детални објаснувања со брзи, јасни одговори, прилагодувајќи се на различни стилови на учење.
    Нејзината способност да инспирира дискусии и да поттикнува критичко размислување е значително важна, особено во борбата против дезинформациите во чувствителни области како родовата еднаквост.
    За сите кои не ја имаат тестирано, препорачувам да ја истражат. GenderAI е иновативна алатка што ја комбинира едукацијата со свеста, нудејќи прецизност и транспарентност за поинформиран дијалог. Одлична работа!

  13. Јана Ангелоска Avatar
    Јана Ангелоска

    Платформата GenderAI остава силен впечаток како одличен пример за тоа како вештачката интелигенција може да се искористи како алатка за едукација и поддршка. Во време кога многумина се загрижени за влијанието на ваквите технологии врз општеството и работните места, ваков проект потсетува дека интелигенцијата може да биде катализатор за подлабока свест, подобро разбирање и пристап до знаење.

    Секој од ботовите на оваа платформа носи уникатен пристап, што ги прави корисни за различни потреби и интереси. IRS асистентот ми остави најголем впечаток. Особено ми се допадна неговата способност да даде детални и темелни објаснувања на поставените прашања, а истовремено, доколку ни е потребен краток и јасен одговор, истото можеме многу лесно да го добиеме со едноставно прашување. Оваа флексибилност го прави исклучително корисен за различни стилови на учење и истражување. Покрај тоа, начинот на кој поттикнува дискусија и предлага нови насоки за истражување е особено вреден за оние кои сакаат подлабоко да ја истражат обработуваната тема.

  14. Томе Тефов Avatar
    Томе Тефов

    Ги охрабрувам сите кои не го тестирале овој бот, да му постават одредени прашања, да го поразгледаат и да му ги откријат неочекуваните можности. Овој бот е одличен пример за тоа како вештачката интелигенција има моќ и може да биде искористена за борба против дезинформациите, особено во чувствителни и важни области како што е родовата еднаквост. Преку брзите, точни и проверени одговори, ботот ги образува луѓето, ги насочува кон пристап до релевантни и фактички информации, што е клучно за ефикасно справување со ширењето на дезинформации. Неговата улога во обезбедувањето на достапност и транспарентност на информации не е само корисна, туку и многу важна за создавање на информиран и праведен дијалог околу темата. Одлична работа!

  15. Виктор Крстевски Avatar
    Виктор Крстевски

    GenderAI е дефинитивно одлична алатка! Толку иновативна и корисна алатка што комбинира вештачка интелигенција со важни општествени теми. Ботовите се супер паметни, едноставни за користење, и нудат прецизни информации кои навистина помагаат да се разберат сложени прашања. Ме воодушевува колку се интуитивни – можеш да им прашаш што било, па дури и да им испратиш текст или слика, и веднаш добиваш точен и објективен одговор. Ова е пример за тоа како технологијата може да се искористи за добри цели и да направи разлика. Топ работа! 👏✨

  16. Андреа Манова Avatar
    Андреа Манова

    Најголема импресија ми остави тоа дека GenderAI форумот се фокусира главно на употребата на вештачка интелигенција за да се решат родовите нерамноправности и стереотипи во технолошките и социјалните системи. Форумот служи како центар за дискусии, соработка и поддршка на иновации кои промовираат инклузија и правичност. Преку форумот се истражуваат начини за елиминирање на родовите стереотипи, пристрасности и дискриминација, а има потенцијал да биде и катализатор за поголеми општествени промени. Ова е пример како вештачката интелигенција може да доведе до позитивни промени во општеството!

  17. Јован Бабовски - Баба Avatar
    Јован Бабовски – Баба

    Јас сум воодушевен од способностите на овие алатки што ги нуди AI. Форумот е пример за како треба да се движи AI во нашата држава бидејки ретко се користи. Алатките овозможуваат да дојдеме до пристап на корисни и релевантни податоци. Би им препорачал на сите да го испробаат потенцијалот на AI за да дојдат до информации околу феминизмот и правада на ЛГБТИ+ заедницата.

  18. Фросина Милошевска Avatar
    Фросина Милошевска

    Проектот е интересен и иновативен, го користи потенцијалот на вештачката интелигенција за справување со значајни општествени предизвици. Чатботовите се корисни алатки за едукација, спречување на дезинформации и за подигнување на свеста за важни теми. Ова е одличен пример за тоа како технологијата може да се искористи за позитивни цели.

  19. Ана Костадиновска Avatar
    Ана Костадиновска

    GenderAI е навистина корисна алатка која преку интерактивни разговори овозможува подобро разбирање на важни општествени прашања. Користејќи ги ботовите, добив одговори што нудат корисни информации, помагаат да се согледаат различни перспективи и да се пристапи до темите на подлабоко ниво.
    Овој пристап е особено корисен бидејќи преку разговор може да се разјаснат сложени концепти и да се разбијат предрасуди.
    Ботовите овозможуваат лесен пристап до релевантни информации и може да биде ефективна поддршка за едукација, како индивидуална, така и во групна средина, каде што дијалогот е важен.
    Ова го прави вредна алатка за секој што сака да научи повеќе или да дискутира за овие важни теми.

  20. Петар Петрески Avatar
    Петар Петрески

    Импресиониран сум од иновативноста на GenderAI и начинот на кој ја користи вештачката интелигенција за да отвори дискусии за толку важни теми. Ова е алатка која не само што е едукативна, туку и поттикнува критичко размислување и ја зголемува свеста за овие прашања. Самата алатка е доказ за можностите на вештачката интелигенција да се примени на различни теми за едукација и решавање на различни проблеми.

  21. Бојана Марковска Avatar
    Бојана Марковска

    Мојата воодушевеност од четботовите, кои се фокусираат на дел од најважните теми при општествени прашања како што се родова еднаквост, феминизам и ЛГБТИ+ права, произлегува од нивната способност да понудат не само прецизни и актуелни информации, туку и да создадат простор за инклузивни и едукациски разговори. Како искусен извор на поддршка, четботовите не само што ја истакнуваат важноста на еднаквоста и правата на различните заедници, туку исто така ги поттикнуваат луѓето да размислуваат критички и да се обидат да ги разберат и почитуваат различностите на сите нивоа. За мене, нивната екселенција лежи во способноста да бидат образовни инструменти кои ги дефинираат и промовираат вредностите на еднаквоста и правдата.

  22. Petar Pejoski Avatar
    Petar Pejoski

    Ги охрабрувам сите кои не си „поиграле“ со овие ботови да им дадат шанса! Дозволуваат на модерен и интересен начин пред се, да се научи нешто ново.

    Моќни алатки кои можат да помогнат да се урне бариера. Секоја чест за иницијативата и за сите кои стојат позади проектот.

    Одлично изработено!

  23. Викторија Петреска Avatar
    Викторија Петреска

    Импресионирана сум од иновативноста на GenderAI!
    Ова е алатка што навистина нуди уникатна перспектива. Способноста на ботовите да анализираат текстови, да препознаваат слики и да даваат објективни, јасни одговори е од огромно значење, особено за теми каде што мисинформацијата често доминира. Ова не само што помага во борбата против мисинформациите, туку и создава простор за искрена и едукативна дискусија за важни општествени теми како родовата еднаквост, ЛГБТКИ+ правата и феминизмот.

    Додека ги тестирав ботовите на GenderAI, сфатив колку е важно ваквата иницијатива да биде достапна за што повеќе луѓе. Со нивна помош, темите за родовата еднаквост, правата на ЛГБТКИ+ заедницата и феминизмот стануваат подостапни, а учењето е многу поедноставно и пријатно. Ова е вистински пример како вештачката интелигенција може да направи разлика!

  24. Stefan Lazarevski Avatar
    Stefan Lazarevski

    Иницијативата е извонредна, ставајќи ги во фокус критичните прашања за родовата еднаквост, феминизмот и LGBTQI+ вклучувањето преку интерактивна и достапна платформа за секој. Ова е моќна алатка за едукација и свест, овозможувајќи на македонскиот народ подобро да ги разбере и да се вклучи во овие важни теми. Креаторите заслужуваат признание за унапредување на општествениот напредок и користење на вештачката интелигенција за да инспирираат позитивни промени. Продолжете со фантастичната работа!

  25. Ана Марија Краус Avatar
    Ана Марија Краус

    Навистина сум импресионирана од идејата и иновативноста зад вашите ботови. Помага да се урнат бариерите на незнаење и предрасуди, поттикнувајќи слободоумност и разбирање. Учењето за овие теми е од суштинско значење за создавање поправедно општество, што е од суштинско значење кај нас. Неверојатни алатки, прекрасно изработени и од аспект на АI бот, како и самата тема на ботовите. Со овие алатки се надевам дека многу луѓе ќе се охрабрат да прашаат и научат нешто ново, со што би се намалила дискриминацијата. Одлична работа!

  26. Валерија Златева Avatar
    Валерија Златева

    GenderAI е алатка која нуди разговор со иновативни ботови на темите поврзани со борбата против информациски неред во областа на родовата еднаквост, ЛГБТКИ+, феминизмот и исто така нудат анализи на текстови со цел да се утврдат мисинформации.

    Она што најмногу ме фасцинираше е тоа што можеш да им пратиш слика на секој од трите ботови и тие ја имаат способноста да препознаат што се наоѓа на сликата, но уште по интересно беше што кога му пратив ворд документ тој ми прочита што имам напишано во документот.

    Исто така ботовите се аналитички настроени што значи дека за која и тема да им поставиш некое прашање тие ќе одговорат објективно. Освен објективноста, приметив и дека информациите што ги изнасаат се точни, прецизни и јасни, а ботовите се многу лесни за користење што ги прави идеални за различни намени, поготово за истражувања на темата родова еднаквост.

    1. Акција Здруженска/Институт за родови студии Avatar

      Ви благодариме на конструктивната анализа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Chat Icon