Проектот, насловен „Чет-ботови со вештачка интелигенција за борба против МДМ и заштита на родовата еднаквост“, на Инстотутот за родови студии Скопје и на Здружението за унапредување на родовата еднаквост- Акција Здруженска“ има за цел да ја искористи вештачката интелигенција (AI) за справување со дезинформации, малформации и антиродови наративи кои ја поткопуваат родовата еднаквост. Преку овој проект, се планира развој на AI-чатботи кои ќе детектираат и спротивставуваат содржина која дезинформира, за зајакнување на информативната интегритетност и заштита на родовата еднаквост во дигиталниот простор. Веб страната е дел од Платформата за вештачката интелигенција и родовата еднаквост
Цели на проектот
- Развој на AI-чатботи: Креирање на чатботи со користење на технологии како што се обработка на природен јазик (NLP) и машинско учење, кои ќе можат да идентификуваат и справуваат со содржина која содржи дезинформации за родовата еднаквост.
- Интеграција на напредни технологии: Чатботите ќе се опремат со најсовремени технологии за да овозможат брзо и прецизно анализирање на текст, аудио и визуелни содржини.
- Мулти-стеикхолдерска соработка: Создавање платформа за соработка помеѓу граѓанските организации, технолошките компании и академските институции, со цел размена на податоци и знаења.
- Кампањи за свесност и едукација: Организирање едукативни активности и кампањи за развивање вештини за проверка на информациите и препознавање на дезинформации.
- Континуирана евалуација: Воведување механизми за следење и подобрување на чатботите врз основа на повратни информации од корисниците.
Вклучување на студенти
Проектот вклучува директна ангажираност на студентите преку обуки и тестирања, кои ќе овозможат стекнување практични вештини и знаења поврзани со вештачката интелигенција и дигиталната писменост. Преку организирани работилници и соработка со студентски организации, се предвидува да се постигне вклучување на широк број студенти во оваа иницијатива.
Одржливост на проектот
Проектот е структуриран со фокус на одржливост, преку градење капацитети на учесниците, создавање мрежи за соработка и развивање образовни ресурси кои ќе бидат достапни и по завршување на проектот.
Оваа веб страна е изработена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во Скопје